ЛЕТО 2025
Групно крстарење со CELESTYAL JOURNEY
Низ Грчките острови
Термин: 13.07.2025
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и раскошната кујна на незаборавните грчки острови.
Крстарење по Грчките острови со организиран повратен трансфер од Скопје, агенциски претставник и пристанишни такси веќе од
999€
- Маршута за крстарење: Солун | Кушадаси | Крит | Санторини | Миконос | Милос | Атина | Солун
- Појдовна точка: Солун
- Крајна точка Солун
- Брод: Celestyal Journey
- Датуми на поаѓање: 07.07.2024 , 28.07.2024 ,04.08.2024
Ден |
Пристаниште |
Пристигнување |
Поаѓање |
1 |
Солунско пристаниште, Грција |
- |
19:00 |
2 |
Кушадаси, Турција |
13:00 |
19:00 |
3 |
Ираклион, Грција |
08:00 |
19:00 |
4 |
Санторини, Грција |
07:00 |
- |
5 |
Санторини, Грција |
- |
00:30 |
5 |
Миконос, Грција |
08:00 |
- |
6 |
Миконос, Грција |
- |
02:00 |
6 |
Милос, Грција |
09:00 |
19:00 |
7 |
Пиреја, Грција |
07:00 |
17:00 |
8 |
Солунско пристаниште, Грција |
10:00 |
- |
ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ |
1 ден |
Скопје-Солун
Состанок на групата во 08:00 пред ВИП Хотел во Скопје .Пристигнување во Солун предпладневните часови , а пријавувањето на бродот започнува од 12.00 .
По извршените бродски формалности, во 19 часот пловиме кон Кушадаси, Р. Турција.
Ги оставаме историскиот и класичниот втор по големина град на Грција, и испловуваме на нашето патување преку ноќ кон Турција. Вашата прва вечер ќе ви даде можност да се релаксирате, да се препуштиме на нашето сеопфатно гостопримство и припремете се за авантурите што претстојат на оваа Егејска Одисеја... |
2 ден |
Кушадаси , Турција
Нашата прва дестинација е Кушадаси ( Турција), каде што сме во периодот од 13:00 до 21:00 часот. Овој град, сместен на брегот на Егејското Море, ќе ве шармира со прекрасниот поглед на морето, природата и вкусот на локалниот чај од јаболка. Не случајно градот се преведува како „птичји остров“. Неговото име најверојатно доаѓа од малиот камен остров во форма на птичја глава, кој се наоѓа во близина на старото пристаниште на градот.
Вклучено во цената: екскурзија до антички Ефес - најзачуваниот град од антиката. Поминуваме покрај местото на храмот на Артемида - едно од седумте чуда на античкиот свет. Го истражуваме археолошкиот комплекс, слободно време за сувенири. Се враќаме во Кушадаси , ручек на бродот и слободно време за прошетка и шопинг во Кушадаси или да пробате некои од локалните вкусни деликатеси. Во 17 часот бродот го напушта Кушадаси и се упатува кон Крит. |
3 ден |
Ираклион, Грција
Денот ќе започне рано - бродот ќе се закотви во 8:00 часот наутро на островот Крит.
Островот Крит е најјужниот остров на Грција и исто така најголемиот. Се наоѓа на раскрсницата на патиштата, поврзување на три континенти - Азија, Европа и Африка, поради што е под големо влијание. Поделен е на 4 големи префектури: Ханија, Ретимно, Ираклион и Ласити. Во секој од нив има многубројни археолошки локалитети со богата историја, природни споменици како и бројни традиционални села во кои туристите се топло добредојдени. За време на вашиот престој на овој остров, можете да го посетите познатиот Археолошки музеј во Ираклион, во кој се наоѓа најважната колекција на минојски артефакти, давајќи јасен увид во комплексната цивилизација која процвета на Крит пред повеќе од 3.000 години .Можете истотака да посетите едно од критските села каде одблиску можете да ги набљудувате традиционалните занаети.
И не заборавајте да пробате tsikoudhia, традиционален критски жесток пијалок, со чаша вода и неколку ледени коцки.
За овој ден можете да ги резервирате факултативни екскурзии (детали претиснете овде )
Бродот испловува во 19:00 и ќе се упатиме кон познатиот и прекрасен Санторини. |
4 ден |
Санторини, Грција
Пристигнување на Санторини во 07:00ч наутро . Санторини е можеби најпознатиот остров во Грција, познат по своите бели цркви со сини куполи. Тоа е непобитно магнетната привлечност на овој вулкански остров на чии стрмни карпи неговите жители изградиле населби со бели куќи. Еден од симболите на традиционалниот Санторини се магарињата кои носат туристи до врвот на селото има , но има опција со жичара (жичарата од пристаништето до градот Тира изнесува 6 евра од лице од правец).
Санторини е остров на романса, нереални пејзажи и незаборавни зајдисонца.
За овој ден можете да ги резервирате факултативни екскурзии (детали претиснете овде )
Испловување е после полноќ, во 00:30. |
5 ден |
Миконос, Грција
Пристигнуваме на нашата нова дестинација во 08:00 часот и можеме да почнеме да истражуваме!
Во случај бродот да се закотви на пристаништето Турлос,имате обезбедено бесплатен автобуски превоз кој ќе ве однесе од пристаништето до центарот на Хора и обратно.
Во случај бродот да се укотви на отворено море, имате обезбеди тендерските чамци - дизајнирани да превезуваат патници од бродот до пристаништето од каде го користите бесплатниот автобуски превоз.
По напуштањето на бродот имате опција за самостојно истражување на островот Островот Миконос е еден од најубавите бисери меѓу грчките острови, познат по прекрасните забави. Главен град на островот е Миконос, познат и како Хора - комбинација на специфична архитектура, неверојатни рибни ресторани, кафулиња, дискотеки, клубови и продавници за подароци. Прошетајте низ прекрасните камени улици и потопете се во убавината на островот. Архитектурата на Миконос е специфична - традиционалните куќи се бели, со сини ролетни на прозорците, на еден или два ката. Автентичната атмосфера е надополнета со тесни улички, обоени бело и сино. Меѓу најпознатите знаменитости на островот се старите ветерници, кои станаа симбол на Миконос.
„Малата Венеција“ е живописен дел од градот каде што не постои бариера помеѓу зградите и водата. Брановите прскаат на ѕидовите на шармантните куќи, кафулиња и ресторани. Изградена во 16 и 17 век од богати морски трговци, населбата се наоѓа на западниот дел на градот Хора, а нејзината романтична атмосфера и етерична убавина го праваат да станете омилено место за уметниците кои го преточиле овој пејзаж во безброј слики. Симбол и маскота на островот Миконос е пеликанот Петрос, спасен од локални рибари по невреме. Доколку Вие имате среќа можете да ги видете пеликаните како слободно шетаат низ улиците на Миконос и ќе можете да се фотографирате со нив.
За овој ден можете да ги резервирате факултативни екскурзии (детали претиснете овде )
Треба да се вратиме на бродот еден час пред поаѓање. Планирано е поаѓање за Милос после полноќ во 02:00 часот. |
6 ден |
Милос, Грција
Пристигнување на Милос во 09:00ч.- најјугозападниот остров од кикладската група, со вулканско потекло. Милос се прв во рангирањето на CNN на десетте најубави острови во светот и е омилено место за илјадници туристи во лето. Познат е низ целиот свет и по уметничките дела пронајдени во грчките и европските музеи. На островот се пронајдени Милонската Венера во Лувр и Асклепиј од Милос во Британскиот музеј, како и статуите на Посејдон и Аполон во Археолошкиот музеј во Атина. Островот бил лулка на раната егејска цивилизација поради неговата поволна локација помеѓу копното Грција и Крит, а исто така и ископувањето на вулкански карпи обсидијан, кој се користи како сечило и привлекува трговци од целиот свет.
За овој ден можете да ги резервирате факултативни екскурзии (детали претиснете овде )
Испловување за Атина во 19:00ч. |
7 ден |
Атина , Грција
Пристигнување во Атина(Пиреус) во раните утрински часови. Слободно време за разглед .
За овој ден можете да ги резервирате факултативни екскурзии (детали претиснете овде )
Испловување за Солун во 17:00ч.
По враќањето на на бродот, треба лично да ја затворите вашата сметка на рецепција. До полноќ, мора да ги оставете куфери пред вашите кабини. Куферите ке бидат на терминалот од кој што сте се симнале и ќе бидат наредени на палуби кој имаат ознаки за багаж со различна боја.
*Не заборавајте да ги оставите најважните работи во рачниот багаж документи, пари, камера и телефон, клучеви, четка за заби и облека за следниот ден!
|
8 ден |
Солун, Грција -Скопје
По вашата последна ноќ на бродот, ќе имате можност да имате лежерен појадок затоа што бродот пристига во 10:00 часот наутро во Солун .Подигање на багажот од терминалот (каде што влеговте, куферите се поделени на палуби -кодирани по боја за брза ориентација)и
Состанок на групата во 11 часот на паркингот на пристаништето. Тргнување за Скопје и пристигање пред вечерните часови . |
Крај на патувањето.
ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ за резервација до 15.11.2023
ВНАТРЕШНА НА КАБИНА
899€ 1046€ |
КАБИНА СО ПРОЗОР
1066€ 1216€ |
БАЛКОНСКА КАБИНА
1359€ 1486€ |
- Деца до 2-11г, во кабина со двајца возрасни – 676,00€
- Деца до 0-02г, во кабина со двајца возрасни – 289,00€
- Доплата за 3/4 возрасно лице(За Внатершна кабина ) -799,00€
*Цените на крстарењето се загарантирани и потврдени од нашиот тим.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Автобуски превоз на релација Скопје - Солун - Скопје
• Туристички претставник на наш јазик за време на целото патување и крстарење
• 8-дневно крстарење со Celestyal Journey (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци само во главниот ресторан, базени, џакузи, фитнес центар, диско, театар, разни дневни активности, услуга за качување и истовар на личен багаж
• Полудневна екскурзија во Кушадаси: Антички Ефес
• Шатл за Миконос
• Шатл за Санторини
• Шатл за Милос
• Прошетка Санторини , Миконос
• Пакети со пијалоци за време на оброкот – наливни алкохолни и безалкохолни пијалоци
• Пристанишни такси и бакшиш за персоналот на бродот во износ од 289 €
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Индивидуални трошоци
• Факултативни екскурзии
• Лична потрошувачка (алкохолни, безалкохолни и сите други пијалоци што ќе ги нарачате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, услуга во фризерски салон, телефонски повици и интернет)
• Полиса за патничко здравствено осигурување
• Доплата за услуга ALL Inclusive (Се Вклучено ) =190€ од лице (потребно е претходно резервирање за ова услуга .
• Трошоци за издавање на сите потребни визи(доколку се потребни)
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
Услови за резервација:
✔ Депозит 1 – 125€/7750 мкд од лице при резервација .
✔ Депозит 2 - доплата до 30% до 28.02.2024.
✔ Целосна уплата 35 дена пред патување .
2023-2024 Брошура -Celestyal
EN EUR
https://www.marketing.celestyal.com/bms/?link=E575B1C7
БЕЛЕШКИ:
• Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на Celestyal Cruises.
• Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други промени поради непредвидени меѓународни околности прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
• Агентур ДООЕЛ не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграцискиот оддел на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.
• За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари