Општи одредби и услови

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на аранжманот гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во целост и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не мошела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот и слично).

2. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја програма. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдата на резервацијата од службата за резервации и тоа најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава-
Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам!, со што Општите услови стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противредност според пазарниот курс-објавен од страна на организаторот. Секое барање за допонителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на
промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на ценатa до 10%, не е потребна согласност на купувачот ( се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.
4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинација и не се споредуваат. Организаторот не превзема никаква одговорност за било каква усмена или писмена информација која не е во согласност со описот на
услугите во понудената програма.

5. ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ 

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “оver booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот поради недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализација на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.
6. ОТКАЖУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на арaнжманот), според следнава скала:

- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%
- за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 15%
- за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25%
- за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%
- ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%

Во случај на откажување на веке потврдена “резервација на барање” организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.
 
Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трожоци од 10 €/евра, по пријава-договор.
 
Доколку патникот се откажува од патувањето поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода, воена обврска и слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот.
 
Доколку патникот се откажува од субјективни причини-лични причини на страв и несигурност, настанати под влијание на “виша сила”, (тероризам, епидемии или елементарни непогоди во регионите на патување), а истите причини-објективно, не му даваат можност на организаторот да го откаже аранжманот, побарувањата на патникот за рефундација на уплатените средства, рефундација на средства за нереализирани услуги или средства за други трошоци кои произлегле поради промена на аранжманот, треба да ги побарува исклучиво од Осигурителната компанија кај која организаторот има направено Полиса за осигурување од одговорност. Во тој контекст организаторот ќе биде спремен, на патникот да му ги обезбеди сите потребни документи кои би му биле потребни при поднесувањето на барањето во Осигурителната компанија.
7. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците соглсно со професионалните принципи во туризмот.
 
Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите.
 
Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговара според позитивните прописи и меѓународните конвенции.
 
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуална неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи, патникот, сам ги плаќа дополнителните трошоци.

8. ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства и да соработува со претставникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото, можат да бидат отстранети од аранжманот.
 
Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
9. ПРЕВОЗ

Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација, во согласност со пропишаните правила и прописи.
 
При патувањето со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет-во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за “check in”, во вообичаеното време-час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз.
 
При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резрвација на седиште и да се пријави кај претставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници, персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон сатниците на поаѓање или попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.

10. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (20кг) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 год на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобус, немаат право на бесплатен багаж. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. Багажот се превезува на ризик на патникот, поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај Осигурителна компанија. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот ( Ви препорачуваме наем на сеф).

11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лекување или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа Ви препорачуваме, пред патувањето да се направи Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата.
12. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци на патникот се собираат и обработуваат согласно важечките прописи за заштита на личните податоци. Патникот е согласен неговите лични податоци да се користат единствено за реализација на договорениот програм на патување. Личните податоци на патникот не можат да се даваат на трети лица на користење, освен со согласност на патникот, како и во случаи определени со закон или на барање на надлежните органи со законски предвидена постапка.

13. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколку патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана според каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и сл.), но не може да гарантира исполнување на такво барање. Вообичаеното време на сместување во собите е 14.00 часот, а напуштањето на собите е до 10.00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).
14. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник-носител (потписник) на договорот, има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.
 
Постапка за поднесување на приговор:
-Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителите на услугите во добра намера за да се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
-Ако причината за рекламација не биде отстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).
-Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот и ја приложува писмената потврда (записник) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе
ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена
-Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплатирање на информациите и проверка на наведенире рекламации кај извршителите на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не постоеле услови за отстранување на причините кои ги предизвикале.
-Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми.
-Највисоката надокнада по приговор, може да се достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот.
15. НАРУШУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ 

Во контекст на точка 13 и пропишаната постапка за поднесување и решавање на приговор, евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, во петтата ставка од истата, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
 
16. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
 
Во согласност на точка 13 од овие услови, купувачот на услугите од одредната програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на АТАМ т.е. СТКМ или од страна на надлежниот Суд во Скопје.
Сакате да имате патување кое ќе одговара според Вашите потреби?

Следете нѐ на